
дна од точките на првиот документ кој ни беше претставен на состанокот во Белата куќа за економска нормализација, беше и онаа за меѓусебно признавање на Србија и Косово, но таа точка веќе ја нема, изјави вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во паузата на состанокот во Вашингтон со косовските претставници.
„Првиот документ кој беше ставен пред нас имаше наслов ‘Економска нормализација’. Тоа изгледа вака: доаѓаат двете страни, приштинската и нашата, потоа американската страни ни дели документ која ниту една од страните не го видела, тоа е нон – пејпер, и не можете тој документ да го изнесете, ниту да го сликате, и потоа се изјаснувате по него. Документот беше исклучително тежок, имаше 15 или 16 точки, а една беше во која се говори за меѓусебно признавање, што не е новост, тоа е американската политика“, изјави Вучиќ.
Рече дека став на српската страна е дека такво нешто не може да стои во некој економски документ.
„Американската страна беше фер, не сослушаа и мислам дека нема да ја има во натамошните документи“, рече вучиќ во изјава за новинарите.
На новинарско прашање, за тоа дека специјалниот советник на американскиот претседател за преговорите Ричард Гренел, на Твитер демантираше дека такво нешто имало во документот, Вучиќ не сакаше да коментира, само рече дека е погрешно да се мисли дека е лесно да се преговара со Гренел и дека не треба да се работи против својата земја.
Во паузата на состанокот во Белата куќа, министерот за финансии Синиша Мали изјави дека на маса е документ од 16 точки, каде десеттата точка подразбира меѓусебно признавање на Србија и Косово.
Ваква „вонредна вест“ пренесоа и некои српски медиуми, но специјалниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел веднаш ја демантираше на Твитер, истакнувајќи дека не е вистина.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти во краткото вклучување за група новинари од Вашингтон, изјави дека нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти се во Вашингтон, каде денеска и утре се на разговори во Белата куќа.