
Не се знае кој е татко на детето…
Познатата турска актерка Меријем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“ откри дека е бремена и дека го очекува второто дете.
Во изјавата за турските медиуми, наведе дека е во петтиот месец од бременоста. Таа, сепак, не сакаше да открие кој е татко на детето.
Воедно го откри и полот на детето. Хурем инаку е мајка на девојчето Лара, која има шест години.

– Бремена сум пет месеци. Доколку се биде во ред, во јануари ќе се роди девојче. Лара веќе подолго време посакуваше брат или сестра, пресреќна сум што таа желба наскоро ќе и се оствари. Но и јас сум среќна бидејќи ќе основам сопствено семејство, изјави Хурем.
Меријем Узерли не сакаше да го открие името на љубовниот партнер. Само наведе дека е заљубена.
– Некои работи би ги задржала за себе, изјави актерката.
