Шекеринска ќе троши 3,5 милиони денари народни пари за колачи и вафли

На страната на јавни набавки објавен е оглас од Министерството за одбрана каде министерката Радмила Шекеринска планира да набави колачи во износ од околу 3,5 милиони денари.

Огласот е објавен на 26.08.2020 година додека предмет на договорот е „Индустриски колачи, кекси и вафли разни“ додека во делот на проценета вредност стои сумата без ДДВ во висина од 3.437.400,00.