
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Овалната соба ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти и ќе присуствува на церемонијата на потпишување на документ од трилатералниот состанок, објави Белата куќа.
Според Гласот на Америка, по средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти ќе се состанат индивидуално со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот. Во соопштението на Белата куќа, издадено доцна синоќа, не е прецизирано што ќе биде потпишано, односно дали станува збор за договор.