
Околу четири часот утрово во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Христофер Жефарович“ во скопската населба Ченто биле опожарени автомобил „фолксваген пајтон“ со скопска регистрација и „фолксваген туарег“ со светиниколска регистрација, и двата во сопственост на 28-годишниот И.Ф. од Скопје.
Таткото на сопственикот на возилата, 54-годишниот С.Ф. се обидел да го фати лицето за кое се сомнева дека ги запалило возилата, но тоа испукало еден куршум од пиштол и избегало.
Повредени во настанот нема, а увид на местото извршиле службеници од полициската станица во Гази Баба од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.