
Експерименталното вселенско летало за повеќекратна употреба која Кина во петокот ја лансираше во орбитата, успешно се врати на својата почетна локација во неделата, внимателно следена од воздухопловните сили на САД, а Пекинг вели дека станува збор за множен почеток на евтини летови во Вселената.
Мисијата беше држена во тајност, а сѐ уште не се објавени никакви фотографии од леталото или снимки од неговото полетување или слетува. Сѐ уште, исто така, не се достапни поединости за технологиите кои се тестирани при овој лет.
Пред три години Кина објави дека оваа 2020-та ќе лансира вселенско летало кое ќе може да се користи како авион и коешто ќе може повеќепати да лета. Со тоа ќе се зачестат вселенските летови, а ќе се намалат трошоците.
Кинеската мисија предизвика голем интерес кај водечките светски сили во космичката технологија, САД и Русија. Руските експерти во коментарите за мисијата сметаат дека е можно да станува збор за аналог на американскиот таен воен шатл „ X-37B“, кој беше откриен во орбитата околу Земјата, а се потпираат на податоците на американското воено воздухопловство кои се објавени на специјализираната интернет страница space-track.org.
Како што претходно објави Кинеската корпорација за вселенски науки и технологии (CASC), леталот во петокот е лансирана од космодромот Цјанцјанг со ракетата „Чангженг-2Ф“ (Долгиот марш), од класата ракети кои ја транспортираше вселенската сонда „Шенжу“ во мисиите со и без екипаж. Во соопштението беше наведено дека „уредот е дизајниран за тестирање технологии за повеќекратна употреба во текот на летовите и за обезбедување технолошка поддршка при мирно истражување на Вселената“.
Според американската армија, вселенскиот уред, кој во каталогот на вселенските објекти ја доби меѓународната ознака „ 2020-063А“ и број 46389, бил откриен во орбитата со наклон од 50,2 степени, минимална височина од 332 куилометри и максимална од 348 километри.
Од рускиот Институт за вселенски политики, пак, оценија дека малкуте официјални информации за лансирањето сугерираат дека Кина би можела да лансира во орбитата аналог на американскиот таен воен шатл „X-37B“.
Руските експерти за астронаутика велат дека од неофицијални и полуофицијални извори се знае дека Кина долгорочно развива крилест вселенски авион (космоплан) од типот „Шенлонг“, и не исклучуваат дека во петокот се случило неговото прво лансирање. Американските стручњаци, пак, велат дека не е познато дали кинеското експериментално летало има фиксирани крила, како американскиот „Space Shuttle“. Велат и дека доколку е слична на леталото категоризирано како „X-375“, тоа би значело дека кинеското летало би било големо колку петтина од американскиот шатл.
Американските експерти и коментатори таинственото кинеско летало го споредуваат со американското летало „ X-37B“, авономен вселенски авион кој го разви компанијата „Boeing“ и кој може да остане во орбитата долго време пред самостојно да се врати назад кон Земјата.
Од 2010 година американскиот мини-шатл извел пет вселенски летово во траење од 225 до 780 денови, изведувајќи експерименти во орбитата во полза на американското воено воздухопловство, а поединостите од летовите се класифицирани. Шатлот „X-37B“ последниот лет го изведе во октомври 2019 година, кога во орбитата лансираше три сателита чија намена не беше откриеан.
Американската армија тогаш соопшто дека „необичните маневрирачки способности на X-37B во Вселената ги изледуваат непријателите“. Пред две години Русија предупреди дека ова летало може да биде користено како носач на оружје, кој не може да се откриен со познатите системи за предупредување од ракетен напад. САД, пак, ја обвинуваат Русија дека веќе неколку години развива вакви вселенски летала кои може да се користат во воени цели во Вселената.