Млада прилепчанка загина, друга тешко повредена во излетување кај Селце

На 06.09.2020 во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за селото Селце, прилепско, има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од 21-годишната  Е.С. од Прилеп, која починала на местото на настанот.

Со тешки телесни повреди се здобила нејзината врсничка и сограѓанка С.А., која со возило на итна медицинска помош била пренесена во скопскиот Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.