
Првиот светски рекет во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ, е дисквалификуван од US OPEN.
Новак со топчето ја погоди линиската судијка и судиите решија да го исфрлат од турнирот.
Српскиот тенисер беше дисквалификуван во моментот кога Пабло Карењо Буста водеше во првиот сет 6: 5.
По загубен сервис гем Ѓоковиќ исфрли топка од џебот, а таа неверојатно ја погоди линиската судијка во вратот. По ударот, заврши на теренот и имаше проблеми со дишењето.
Разговорот меѓу најдобриот тенисер во светот и официјални лица траеше долго, а на крајот Србинот беше дисквалификуван поради правилата наведени во Правилникот.