
460 илјади ученици денеска седнаа во училишноте клупи, единствено осум училишта во првите две недели ќе имаат онлајн настава бидејќи дел од наставниот кадар во тие училишта е затазен со корона вирусот.
Наставата во Хрватска ќе се одвива по тири модели за кои се одлучија здравствените власти, и тоа со физичко присуство, комбинирано и онлајн, во зависност од епидемилошлата состојба во поедини региони.
Протоколите се стандардизирани, онака како што ги препорача Светската здравствена организација. Гласно е носењето заштитни маски и одржување социјално растојание. Во однос на хигиената, засолжително е често миење на рацете, како и дезинфекција на училниците. Нема да има кабинетска настава, за да нема мешање на учениците, за истовремено и големиот одмор ќе биде во различно време за да се избегне групирање на учениците.
Обврска на родителите е пред да го испратат своето дете во училиште да му измерат температура, и доколку таа е повишена треба веднаш да бидат известени и директорот на училиштето, како и матичниот лекар.