
На магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, вчера полициски службеници се обиделе да запрат товарно моторно возило „мерцедес“.
Возачот продолжил да вози уште околу еден километар по што запрел и го напуштил возилото.
При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти – 11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција.