
Неверојатна партија на кошаркарите на Бостон Селтикс против тимот на Торонто Репторс, кој генерално во одредени моменти од средбата не личеше на себе (111:89).
Бостон дојде до предност во серијата со 3:2 и на чекор од конференциско финале во НБА лигата.
Уште на почеток од средбата, Бостон тргна уверливо со 11:25, за подоцна тој резултат и таа предност само да ја надоградува.
Џејлин Браун беше најефикасен кај Бостон Селтикс со 27 поени, додека кај Торонто, Фреди Ванвлит запиша 18 поени и беше најефикасен кај своите.
Од другиот натпревар во западната конференција, Клиперс остварија победа против Денвер со 113:107 и поведоа во серијата со 2:1.
https://www.youtube.com/watch?v=b4PevgcVJBo&feature=emb_logo