
Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 28 милиони.
Вирусот е потврден кај 28.029.608 лица, покажуваат податоците на порталот „Ворлдметерс“.
Вкупно 908.050 луѓе починаа од вирусот, а 20.106.316 луѓе се излекувани.
САД, Индија и Бразил имаат најголем број заразени, каде што има и најголем број смртни случаи.
(МИА)