
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс дојдоа близу своето прво учество во финалето на конференцијата во 50-годишната клупска историја, откако во четвртиот меч во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата ги совладаа Денвер Нагетс со 96:85 и така поведоа со 3-1 во серијата која се игра до четири победи.
Во четвртиот меч Клиперс водеа од почетокот до крајот, а уште во првото полувреме направија разлика од 16 поени. Нагетс во третата четвртина успеаја малку да се доближат, но следеше повторно „одлепување“ на 19 разлика при резултат 90:71 кон средината на последната делници со што практично мечот беше решен.
Уште една одлична партија пружи играчот кој во Клиперс беше доведен минатото лето токму за тимот да стане конкурентен во борбата за титулата, Каваи Леонард кој покрај 30 поени оствари и 11 коша и 9 асистенции. Кај Нагетс, кои во првиот круг од доигрувањето губеа со 1-3 од Јута Џез но успеаја да направат пресврт, најефикасен беше Никола Јокиќ со 26 коша, 11 скокови и 6 асистенции.
За Клиперс ова е само шести пласман во полуфиналето на конференцијата, но петти во последните 15 години, а досега најблиску до пласман во финалето беа во 2006 и 2015 година кога во оваа фаза од плеј-офот беа поразени со 3-4 од Феникс Санс, односно Хјустон Рокитс. Првата од трите шанси за минување натаму во натпреварувањето, Клиперс ќе ја имаат ноќта од петок кон сабота.kavai leonard
Истата ноќ Торонто Рапторс и Бостон Селтикс ќе го играат седмиот решавачки натпревар за пласирање во финалето на Источната конференција и соочување со Мајами Хитс. Торонто се спаси од елиминацијата со победата од 125:122 во шестиот меч до која стаса по две продолженија и со помош на судиите.
Имено, во последниот напад на Селтикс во четвртата четвртина при резултат 98:98, Кемба Вокер на две секунди пред истекот на времето тргна во продор, а под обрачот ОуЏи Ануноби очигледно го удри по рака, но судиите не досудија прекршок и две слободни фрлања преку кои Кемба можеше да обезбеди победа на Селтикс и пласман во финалето на Источната конференција.
Во првото продолжение двата тима постигнаа по осум погодоци, па се играа дополнителни пет минути во кои беа многу поефикасни, а на крајот ова второ продолжение Рапторс го добија со 17:14. Лоури погоди за два поена за предност на Торонто од 123:119 на 11 секунди пред крајот, но Тејтум одговори со „тројка“ за 123:122 а на семафорот останаа само уште шест секунди. Пауел потоа погоди две слободни фрлања по брзиот фаул за 125:122 на пет секунди до истекот на времето, а во последниот напад на Селтикс, Смарт се избори за позиција за шут за „тројка“ за евентуално трето продолжение, но не беше прецизен.
Кајл Лоури, кој забележа 8 скока и 6 асистенции, и Норман Пауел со по 23 поени беа најефикасни кај Рапторс, Фред Ванвлит додаде 21 кош со 9 скокови, додека ОуЏи Ануноби впиша по 13 поени и скокови. Кај Селтикс двајца играчи беа близу „трипл-дабл“, а го оствари само Маркус Смарт со 23 коша, 11 скокови и 100 асистенции. На Џејсон Тејтум му недостигаше една асистенција, имаше 29 поени, 14 скокови и 9 асистенции, а најефикасен бепе Џејлен Браун со 31 погодок и 16 скокови.