Нови 69 заболени со коронавирусот на Косово, починале седуммина

Во последните 24 часа, потврдени се нови 69 случаи на заболени со коронавирусот  на Косово, а седум лица починаа, соопшти денеска Институтот за јавно здравје во Приштина.

Вкупно 532 лица, наводно, биле тестирани, јавија приштинските медиуми.Во истиот период, потврдено е дека 107 лица се опоравиле од вирусот.