
Австрија во последните 24 часа забележала 664 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е најголем раст од март кога бројот на заразените на дневно ниво остро почна да се намалува со воведување на строгите карантински мерки.
Најмногу случаи се забележани во главниот град Виена – 387, соопшти во четвртокот министерството за внатрешни работи, кое ги објавува резултатите.
Заразите во коронавирус се во пораст од крајот на јуни. Австриската влада за порастот на коронаинфекциите ги обвинува повратниците од туристичките земји, како Хрватска и Шпанија.
Австрија се подготвува за претстојната зимска сезона, па минатата седмица го воведе ткн „корона-семафор“, кој на локалните власти би требало да им овозможи да воведат специфични мерки против коронавирусот. Степенот на зараза се движи од „зелено“ (низок ризик), преку „жолто“ и „портокалово“ до „црвено“ (висок ризик). Секоја боја носи со себе одредени мерки во борба против ширењето на заразата.
Каква боја преовладува во некој регион зависи од бројот на новозаразените во период од седум дена на 100.000 жители, но и за критериумите како што се слободните капацитети во болниците, бројот на спроведените тестирања и можноста за следење на веригите на заразата.
По официјалното започнување на примената на „корона-семафорот“ во Виена, Грац и Линц, како и во округот Кугштејн, системот покажал „жолто“ ниво.