
Премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за Македонската телевизија изјави дека европјаните за Македонија сметаат дека е варварско општество кое ги краде нивните пари.
-Ја следев дискусијата што беше отворена во Франција кога требаше да се одлучува во октомври 2019 година, ама Советот на Европа и ставовите на претседателот Макрон, таму голем дел од граѓаните мислат дека ние сме едни варварски општества каде што европјаните даваат пари преку своите даноци и тука некој ги кради тие пари, вели Заев.