
Јамајканскиот пејач и музичар Тутс Хиберт, лидер на реге-бендот Toots & the Maytals, починал во Јамајка на 77-годишна возраст.
„Со болка во нашите срца дека Фредеријк Натаниел ‘Тутс’ Хибаерт мирно си замина од животот вечерва опкружен од своето семејство во Универзитетската болница Вест Индија во Кингстон“, во објава на социјалните мрежи во петокот.
Причината за смртта не се соопштува, но порталот The Variety извести дека на 2-ри септември музичарот направил тест на коронаворусот. Меѓутоа, досега не се објавени резултатите од тестот на Хиберт на Covid-19.
Тутс Хиберт го основаше бендот Toots & the Maytals во почетокот на 1960-те години, кој стана еден од предводниците на реге музиката. Песната на групата „Do the Reggae“ издадена во 1968 годиниа, како што се претпоставува и го дал името на тогаш новиот стил на музицирање. Во 2005 година групата Toots & the Maytals ја доби престижната музичка награда Греми во категоријата „Најдобар реге албум“ за изданието под наслов „ True Love“.
Познатото музичко списание Rolling Stone го вброи Хиберт на „листата 200 најголеми пејачи на сите времиња“. Во 2012 година го доби највисокото национално признание Орденот за истакнати заслуги во развојот на јамајканската музика.