Груби: Mojaта мисија ќе биде рамноправноста

На денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека има света и суштинска задача да ја спроведува агендата.

– Обврска ми е да се грижам за спроведување на Охридскиот рамковен договор, но и за добра кохезија за сите – изјави Груби.

Тој дека ќе ги мониторираат реформите, да има неселектива правда преку ветингот, ќе ги распоредат вработените преку Рамковниот договор, ќе соработува со бизнис секторот.

Груби посочи дека во најкус рок, согласно Охридскиот рамковен договор, а во соработка со министерот за информатичко општество, ќе се обезбеди распоредување на сите вработени во државните институции.

– Јас не престанувам да работам и не дозволувам да ги разочарам граѓаните. Ќе работам за оние кои гласаа за нас, оние кои гласа против, но и за оние кои воопшто не гласаа’, додаде Груби.

Вели дека неговата мисија ќе биде рамноправноста.

На граѓаните им порача да ги ценат по работата, а не по зборовите и по четири години да им посочат дали и како ги завршиле сите ветени работи.