
Иако веќе на располагање има пет голмани, англискиот фудбалски шампион Ливерпул договори трансфер на 17-годишниот голман на бразилски Флуминензе, Марсело Питалуга.
Вредноста на трансферот изнесува два милиона евра, а Марсело Питалуга со Ливерпул би требало да потпише тригодишен договор, со опција да биде продолжен за уште две години.
Ангажманот на младиот Бразилец е претставена како инвестиција во иднината на клубот, имајќи предвид дека неприкосновен на голот на „Редси“ е Бразилецот Алисон Бекер, а неговата замена е искусниот 33-годишен Шпанец Адријан.
Ливерпул во својот ростер ги има уште голманите, 21-годишниот Ирец Куивин Оран Келехер, од позајмувањето во Бешикташ се врати 27-годишниот Љорис Кариус, а 21-годишниот Полјак Камил Грабара минатата година беше на позајмица во второлигашто Хадрсфилд.