
Со 98 гласа „за“ пратениците ја усвоија предлог – одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите од законодавниот дом, со што се создадоа услови тој да започне да работи ефикасно и за да носи законски решнија и негови измени.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски реагираше дека дневниот ред е несоодветен и спротивен на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
-30 години во ова Собрание никогаш не се случило да се утврдува персонален состав на постојаните работни тела, едноставно наречени Комисии на Собранието. Без притоа да биде донесена одлука за формирање на Комисии на Собранието – рече Милошоски. Во моментов пратениците се на пауза, а седницата ќе продолжи по 15 часот.