Уапсен скопјанец откако ограбил аптека

Маж во понеделникот попладнето е уапсен во центарот на Скопје, кусо откако под закана со нож ограбил аптека, соопшто Министерството за внатрешни работи.

На 14.09.2020 околу 16.30 часот  полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода 38-годишниот Ф.П. од Скопје, затоа што кратко време пред тоа со закана со нож од вработена во аптека на булеварот „Климент Охридски“ одзел 6000 денари и мобилен телефон.

Парите и телефонот биле пронајдени, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.