
Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека после изборите, Груби како претставник на Ахмети и Љупчо Николовски како претставник на Заев, работеле во идентификување на проблемите од претходната Влада кои резултираа со остра реторика во изборната кампања.
„Поголемиот дел од програмата на новата Влада била координирана меѓу Груби и Николовски во консултации со Заев и Ахмети“, рече Груби во „Click Plus“ на ТВ21.
За сите функционери ќе се знае имотната состојба и приходите кои ги добиваат, најави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби.
„Една од главните приоритети на новата Влада ќе биде да се објави список на имотна состојба и приходи за сите носители на јавни функции“, рече Груби.
Задоволен сум од направеното но направивме грешка со ниту една жена како претставник од ДУИ не е дел од Владата, рече Груби.
„Континуирано работиме на родовата еднаквост и задоволен сум од досега направеното, но направивме грешка што ниту една жена како претставник од ДУИ не е дел од Владата“, потенцираше Груби