
Компанијата ќерка на „Facebook“ го претстави својот нов уред – кацигата од втората генерација за виртурална реалност „Quest 2“.
Новиот производ на „Oculus“ е полесен и покомпактен од претходниот VR-гаџет. Променета е и исто така и лентата на кацигата, а производителот тврде дека изработена од ткаенина ќе биде попрактична за корисниците.
Главните промени, се разбира, се во самиот уред. Тоа се VR дисплеи и хардверската платформа. Интересно, креаторите на кацигата се откажале од употребата на OLED матрицата, на чија непријатност често се жалеле корисниците. Сега тоа е заменето со два IPS екрана со резолуција од 1832х1920 пиксели. Но и наспроти очекувањата, тие можат да ја ажурираат сликата само на фреквенција од 72 херци. Но од „Oculus“ ветуваат дека ќе го зголемат на 90 херци во една од софтверските верзии.
Перформансите на уредот, исто така, се значително подобрени. За тоа е задолжен чипсетот Qualcomm Snapdragon XR2. Гаџетот добил и 6 гигабајти рам меморија, Во основната верзија, уредот нема многу сопствена меморија само 64 гигабајти, но постои и проширена варијанта до 256 гигабајти.
Oculus Quest 2 и натаму е позициониран како независен уред и не може директно да се поврзе со компјутер. За да се оствари тоа ќе мора да се докупи специјален кабел кој ќе чини 79 долари. Самиот уред ќе биде достапен на пазарот во октомври по цена од 299 долари за верзијата од 64 гигабајти односно 399 долари за верзијата од 256 гигабајти.