Лига Европа: Милан лесно мина, Тотенхем се спаси со пресврт во Пловдив

AC Milan in Dublin, Ireland, 17 September 2020. EPA/AIDAN CRAWLEY

Фудбалерите на Тотенхем, Милан, Ренџерс и Галатасарај успешно ги минаа пречките во ввторото претколо на Лига Европа.

Милан на гостувањето го победи Шамрок Роверс со 2:0 со головите на Златан Ибрахимовиќ во 23 и на Хакан Чалханоглу во 68 минута.

За разлика од Милан, англискиот претставник Тотенхем „играше на жица“ на гостувањето кај бугарски Локомотив во Пловдив, правејќи пресврт во последните деетина минути и тоа со двајца играчи повеќе.

Жозе Мурињо не сакаше да биде изненаден па дуелот го започна со силен состав, но домашните ги изненадија неговите избраници доаѓајќи во водство во 71 минута преку Георги Минчев. Во продолжениети играчите на Локомотив одлично се бранеа, меѓутоа само во еден напад домаќинот остана со два играча помалку. Во 78 минута беше исклучен Динис Алмеида откако на гол-линијата играше со рака, додека истовремено поради приговор беше исклучен Бирсент Карагерен. Хари Кејн го реализираше пеналот во 80 минута, а амо четири минути подоцна Тангуи Ндомбеле им ја донесе победата на гостите.

Тотенхем следната седмица ќе гостува во Скопје на дуелот со тетовска Шкендија која победи на гостувањето ја романски Батошану со голот на Бесарт Ибраими веќе во втората минита од мечот.

Ренеџерс немаше проблеми против гибралтарски Линколн Ред Импс победувајќи со 5:0. Два погодока постигна Морелос во 67 и 88, а меѓу стрелците е впишаа и Тарниер во 21 и Голдсто во четвртата минута од судикото продолжување на првото полувреме, а стрелец бепе и Дефо во 84 минута.

Фаворизираниот Копенхаген на гостувањето кај ИФК Гетеборг славеше со 2:1, откако домашните водеа сѐ до 83 минута. Швеѓаните поведоа во 73 минута преку Сане, но по десет минути Роберт Мураџија израмни а двете минути подоцна хрватскиот играч му асистираше на Јинас Винд за победата.

Волфсбургја победи во Тирана Теута со 4:0, а стрелци беа Вегхорст во 22 и 75, Лакроа во 34 и Мехмеди во 90 минута.

Во Љубљана беше одигран уште еден незивесн меч во кој Олимпија двапата водеше со 1:0 и 2:1, но Зрински од Мостар двапати се враќаше а во продолжението и победи. Домашните водеа со головите на Ѓорѓе Ивановиќ во 19 и Андрес Вомбергар во 81 минута, а за госите погодина Немања Билбија во 51 и 84, како и Јосип Иванчиќ во 92 минута.

Галатасарај на гостувањето го победи Нефчи со 3:1. Головите за гостите ги постигнаа Мбаје Диање во 20 и 64 и Кристијан Лујинда,а во 49 минута, додека стрелец за домашните беа Мамаду Мбоџ.

Шпанска гранада без поголеми проблеми ги мина гостувањето во албански Дурес, кај тимот на Теута со 4:0. Погодоците беа дело на Солдадо во 6, Кенеди во 11 и Ерера Равело во 32 и 47 минута.