
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, изјави во четвртокот дека како претседател на Комисијата за надворешна политика ќе побара Собранието да расправа за бугарскиот меморандум кој се однесува на македонските европски интеграции.
Милошоски, сепак, се сомнева дека власта најверојатно нема да го прифати барањето.
Според поранешниот македонски министер за надворешни работи, неприфатливо е службениот јазик на една земај да биде предмет на преговори за влез во Европската унија, а бугарските позиции ги смета за неевропски.