
Научниците со помош на вселенскиот телескоп Hublle снимија уникатна бела бура на Јупитер, која започнала на 18-ти август, а снимката е објавена на официјалната веб-страница на телескопот.
Во објавата се истакнува дека снимката е направена на 25-ти август годинава, кога планетата се наоѓала на растојание од 653 милиони километри од Земјата. Истовремено во кадарот од левата страна од гигантската планета е снимен и нејзиниот сателит Европа.
„Единствен и одушевувачки детал во новата снимка на Hubble: светла, бела и растегната бура во северната хемисфера, која патува со брзина од 560 километри на час“, се додава во објавата. Научниците од земјата подоцна забележале уште две невремиња на истата географска широчина.
Јупитер е најголемата планета во Сончевиот систем и е класифициран како гасен џин. Познати се 79 сателити на Јупитер, меѓу кои најголемите се Ио, Европа, Ганимед и Калисто.