Голем пожар во Мостар

Голем пожар синоќа изби во индустрискката зона во Мостар, при што огнот зафати простор од неколку километри.

Во гаснењето на огнот, што загрози приватни и деловни објекти, покрај пожарникарите се вклучија и граѓаните. Работата на пожарникарите беше отежната  од силниот ветер. Во гаснењето на огнот учествуваа пет противпожарни возила. Нема информации за евентуални жртви.

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3562358297179752&id=1235234459892159