Студијата за нарцисоидноста темелена на веѓите доби Нобелова награда, ама алтернативна

Студијата за нарцисоидноста врз основа на проучувањето на веѓите, стравот на ентомолог од инскети и алигаторка на хелиум, се некои од годинешните научни трудови кои се наградени со ткн ИгНобелови награди за бизарни научни проучувања.

Наместо во живо, 30-годишницата од доделувањето на ткн алтернативен Нобел, наградата која организаторите ја опишуваат како одавање почести на научните постигнувања кои „во прв ред нѐ засмејуваат, а потоа нѐ поттикнуваат на размислување“, е одржана онлајн во четвртокот вечерта поради пандемијата на коронавирусот, па изостана традиционалната гала вечер.

Научници од Канда и САД ја освоија наградата во областа на психологијата за методата за откривање на нарцисоидноста врз основа на проучувањето на формата на веѓите .

Наградата за ентомологија му припадна на американски научник кој докажал дека ентомолозите, иако експерти за инсекти, се плашат од пајаци.

Женка на кинески алигатор затворена во просторија исполнета со хелиум почнала да мука, а за ова мукање на влекачот заслужни се научници од Австрија, Шведска, Јапонија, САД и Швајцарија на кои им припадна наградата за акустика.

Свеченоста на доделувањето на алтернативните Нобелови награди се одржува на Универзитетот Харвард и се пренесува во живо од 1995 година, но во ковидската 2020-та се одржа само онлајн.

Организаторите на доделувањето на овие во прв ред забавни наради, ја искористија можноста да испратат и почитичка порака, па годинешната награда за „медицина“ да има доделат на челниците на Бразил, Велија Британија, Индија, Мексико, Белорусија, САД, Турција, Русија и Туркменистан бидејќи „ја користеле пандемијата со коронавирусот за на светот да му испратат лекција дека научниците и лекарите не се тие кои со своите одлуки одлучуваат за живото и смртта, туку дека тоа се политичарите“.

Ова „признание“ има јасно политичка заднина, бидејќи освен за некои од наведените, не може да се каже дека и другите ја намалуваа опасноста од пандемијата на коронавирусот, во прв ред во Мексико, Индија, Турција и Русија…. Исто така, проблематично е и зошто меѓу „наградените“ не се и првите луѓе на СЗО, поради нивниот хаотичен и објективно слаб одговори во првите месеци на пандемијата.