
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку видео од масовниот протест вчера побара оставка од владата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев.
Имено Мицкоски на Фејсбук напиша „Богата влада, сиромашен народ. ОСТАВКА!“, алудирајќи на најкриминалната влада во историјата на Македонија.
Богата влада, сиромашен народ.
ОСТАВКА! pic.twitter.com/MInFY83BWP— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) September 18, 2020
Инаку вчера на протестот во Скопје можеа да се забалежат и паролите „Богата Влада, сиромашен народ“, „Заев апаш, тендери лапаш“!
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека мотив за овој масовен протест е мафијата на Зоран Заев кој ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци.
За потсетување вчера огромен број на граѓани, во автомобили, протестот го завршија пред Регулаторната комисија за енергетика, каде ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од челниците поради поскапувањето на струјата во време на криза.