
Во западна Грција е прогласена вонредна состојба поради приближувањето на моќниот медитерански циклон Јанос.Црвен код е прогласен поради налети на силен ветер, грмотевици и поројни врнежи од дожд.
Циклонот се приближува кон јужниот дел на Грција.
Според грчки медиуми, се формирало дури и „око”, што е повеќе типично за тропските циклони.
Најпогодени ќе бидат западните делови на јужна Грција до Патра, и до Пелопонез. Количината на дожд таму се очекува да биде над 200 литри на метар квадратен, а ветровите – до околу 150 км на час.