Зоран Пејковски ја понесе и наградата „Антев златник“

Македонскиот писател Зоран Пејковски, кој веќе подолг период професионално се занимава со пишување, е добиник на годинешната наградата „Антев златник, посветена на истакнатиот македонски творец Анте Поповски.

Професионалноста, а посебно во пишувањето секогаш носи резултати, само ако се насочите кон строгото и професионално пишување, кое прераснува во ангажман код кого само највредните и најпрофесионалците секогаш ги добиваат заслужените награди кои претставуваат еден поттик за одење понатаму во светот на пишуваниот збор.

Таков е случајот и со македонскиот писател Зоран Пејковски од Битола, кој долги години, односно скоро 30-на се занимава со пишување, а во последните 20-на години и професионално се посветува и кон науката и кон професионалното пишување на литература.

На 13-ти септември оваа 2020-та година, писателот од Битола, Зоран Пејковски, во рамките на Меѓународната поетско – културна манифестација „Анте Поповски -Антево перо“, во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, ја добив наградата „АНТЕВ ЗЛАТНИК“ за збирката песни „Остров во окото“.

Во образложението на жири комисијата се вели: поезијата на Зоран Пејковски, можеби од сите пристигнати ракописи најмногу потсетува на темелната поетска опсесија на Анте Поповски: прапочетокот, праматеријата и прамакедониумот. Тоа е густа, архетипска поезија за Македонија како синоним за источник на писмото, меморијата и цивилизацијата. Станува збор за оформен поет кој е константа на нашата поетска реч“…

 

Во 2020-та година Зоран Пејковски добива дури три награди, најпрвин ја добива престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади во 2019 година, за пиесата за деца „Мали детски разговори“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, потоа на 10-ти септември тој ја добива уште еднаш наградата „Празник на липите“, која тричлената жири комисија едногласно за победничка песна ја прогласи песната „Сончевата страна на сенките“. Па како што стои во образложението на жири комисијата….