
Се изнагледавме летово фотографии од познатата пејачка Лепа Брена во бикини и мора да се каже дека за нејзини години, таа се „држи“ одлично.
Но, по се изгледа за таквиот изглед најзаслужен бил пријателот, фотошоп.
Тоа најдобро може да се види и по последната фотографија која ја објави познатата пејачка на својот профил на Инстаграм, каде позира во бикини.
И нормално, Брена на фотката изгледа фантастично, но ако малку повеќе ја анализирате ќе забележите дека тука и тоа како „заиграл“ фотошопот.