
Шест луѓе починаа од компликација на корона вирусот. Тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Во изминативе 24 часа се дијагностицирани 140 нови случаи од направени 1397 тестирања. Најмногу се во Скопје-47, во Куманово-18, Тетово – 15, во Прилеп – 7, Штип-3, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.
Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.
На трите клиники во Скопје хоспитализирани се вкупно 113 пациенти, на респираторна машина има еден пациент во болницата „8 Септември“. Во инфективните одделенија низ градовите во земјава, хоспитализирани се 225 позитивни и сомнителни на ковид 19.