
Над 60.000 луѓе се пријавија за доброволно да учествуваат во испитувањата на руската вакцина против Ковид-19 во Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
– Се пријавија над 60.000 доброволци, а повеќе илјади луѓе ги минаа потребните медицински тестови со цел да бидат регистрирани како потенцијални кандидати за тестирање, рече Собјанин во интервју за телевизијата „Русија-1″.
Собјанин додаде дека, како дел од тестирањето, повеќе од 700 луѓе ја примиле вакцината наречена „Спутник V” и сите се чувствуваат добро.