
Рафаел Надал е елиминиран во четвртфиналето од Мастерс турнирот во Рим откако синоќа загуби сензационално од Аргентинецот Диего Шварцман со 2:0 по сетови 6:2, 7:5.
Петнаесеттиот тенисер на светот одлично се држеше на овој меч, го доби првиот сет, а во вториот Надал на момент се врати но немаше сила дефинитивно да го добие мечот.
Во полуфиналето Шварцман ќе се сретне со Канаѓанецот Шаполавов.