
Во дуелот од првото коло на италијанското фудбалско првенство Џенова го победи со 4:1 повратникот во Серија А, тимот на Кротоне, а мечот го одбележа велејматорскиот потег на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев,
Во деветтата минута по еден контра напад, ветеранот Пандев во полнт трк изби сам пред противничкиот голман кого во голем стил го префрли удвојувајќи го водството на Џенова. Три минути претходно домашните поведоа со погодокот Матие Дестро, а во 28 минута за Кротоне погоди Емианиел Ривера. Џенова повторни отиде на „плус два“ откако во 34 минута погоди Давиде Запакоста, а во 65 минута конечниот резултат го постигна хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца кој седум минути претходно влезе во игра на местото на Пандев.
Претходно Наполи, за кој последните десетина минути ги одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, со 2:0 на госутвањето ја совлада Парма. Стрелци беа Дрис Мартенс во 63 и Лоренцо Инсиње во 77 минута.
Претходно во саботата Верона на својот терен игра против Рома без победник 0:0, а новата сезона во Серија А ја отворија Фиорентина и Торино, при што славеа домашните со голот на Гаетано Кастровали во 78 минута.
Во неделата уште играт Сасуоло – Калјари и Јувентус – Смапдорија.
Во понеделникот играат Милан и Болоња, а во среда на распоредот се мечевите Беневенто – Интер, Удинезе – Специја и Лацио – Аталанта.