
Во СВР Скопје било пријавено дека вчера околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат 67-годишниот А.Х. од Шведска.
Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информира МВР.