
Во последните 24 часа во Хрватска завележани се 204 нови случаи на зараза со коронавирусот, две лица починале а бројот на активните случаи во земјата изнесува 1.268, извести во средата Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов во хрватските болници се згрижени 278 пациенти со Covid-19, од кои на респиратори се 27 пациенти. Во последното деноноќие биле тестирани 6.387 лица а оздравеле 828 пациенти.
Во самоизолација во моментов се 9.314 граѓани.
Од 25-ти февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза со новиот коронавирус во Хрватска, потврдени се 15.340 случаи на коронаинфекција, од кои починале 257 лица, а закрепнале 13.815 луѓе.