
Во напуштен објект на тетовската улица Љуботенска вчера напладне полицијата уапсила двајца тетовци кај кои бил пронајден хероин.
Како што информираат од МВР, станува збор за Б.Љ.(40) од Тетово и Н.Р.(37) од тетовското село Милетино.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.