Во Мексико изведена првата двострана трансплатација на бели дробови по Covid-19

Мексиканскиот лекари ја извеле првата двострана трансплантација на бели дробови кај лице кое заздравело по Covid-19, што е првата такава операција во Јужна Американ, соопшти во вторникот болницата „Кристус Мугверза“ во Монтереј.

„Без трансплантацијата пациентот не би преживеал. Сега има нова можност за живот“, изјави лекарот Мануел Вонг Јаен,

Мажот на 57-годишна возраст пред оперативниот зафат бил на механичка вентилација на белите дробови 52 дена.

Операцијата траела седум часа и била изведена на 31-ви август во приватната болница во Монтереј, 900 километри од главниот град Сиудад де Мехико.

Слични операции веќе се изведени во Европа и во САД на лица кои го прележале Covid-19.