
Економистите Естер Дуфло и Абхиџит Банерџи, брачна двојка добитници на Нобеловата награда, во саботата ги повикаа француските власти да ја разгледаат можноста за воведувње ткн „локдаун“ односно целосно затворање во времето на католичкиoт адвент четири седмици пред семејсните прослави за Божик да минат со што помал ризик од ширењето на коронавирусот.
Ваквата „јасна, воедначена и транспарентна“ опција би ја намалила опасноста од ширењето на заразата меѓу најзагрозените, а меѓу нив се постарите лица, напишаа Естер Дулфо и Абхаџит Банерџи во написот објавен во дневниот весник Le Monde.
Брачната двоја која работи на престижниот американски универзитет MIT, во 2019 година ја доби Нобеловата награда за економски науки за трудот за креирањето експериментален пристап на проблемот со ублажувањето на гломалната сиромаштија, предложи целосно затворање во цела Франција во текот на периодот на адвентот, од 1-ви до 20-ти декември.
Дуфло и Банрџи сметаат дека таквата одлука би можела да има лимитирано влијание врз училиштата, и дека економски би била помалку штетна од целосното „откажување на божикните прослави“ или воведувањето уште поостри мерки за карантин малку подоцна, кога адвентскиот период веќе ќе го започне бранот зарази меѓу населението.
Доколку биде спроведен таквиот план, „луѓето би можеле да бидат поттикнати на божикното пазарење во ноември“, смета француско0индиската брачна двојка.
Имајќи го предвид секојдневниот остар раст на бројот на заразените последниот период, француската влада би можело да биде принудена да воведе остри карантински мерки во текот на божикниот период, па дури и да „забрани патувања и семејни собири“, предупредуваат.
Франција на неодманешното нагло појавување на жаришта на коронавирусот реагираше со повторно воведување рестриктивни мерки, као што е што е скусувањето на работното време на локалите во 12 големи градови, меѓу кои и Париз. Уште поостри мерки се воведени во Марсеј, каде целосно се затворени сите барови и ресторани, што поттикна протести на вработените во угостителскиот сектор.