Во полските архиви најдоа докази за постоењето на Џејмс Бонд

Полскиот Институт за национално сеќавање објави во неделата на својот Fаcebook профил архивски документи според кои човек по името Џејмс Бонд работел во британската амбасада во Варшава во периодот 1964/1965 година.

Џејмс Алберт Бонд пристигнал во Полска на 18-ти февруари 1964 година на должноста секретар-архивист во военото аташе на британската амбасада. Дипломатот го привлекол вниманието на полското контраразузнавање, коешто започнало да ги следи сите негови активности во земјата.

Според објавените документи, полските тајни служби утврдиле дека Бонд не е обичен дипломат. Имено, тој во октомври и ноември таа година се обидел да се инфилтриран во воени објекти во провинциите Бјалисток и Олстин. Се истакнува, исто така, дека Британецот се одликувал со дружељубивост, иако бил исклучително претпазлив. Покрај тоа, Бонд би „заинтересиран за жени“, како и и фиктивниот суперагент од истоимената филмска франшиза.

Британецот ја напуштил Полска, на 21-ви јануари 1965 година.

Освен тоа, во друг извештај Институтот забележува дека „бондоманијата“ веќе била раширена во целиот свет во 1950-те години, и оти можеби доаѓањето на имењакот на агентот 007 било специјално планирано за да ги „исмее“ полските тајни служби.

 

 

📢 Nazywam się Bond … James Bond 😎

ℹ️ Przeglądając zgromadzone w Archiwum Instytutu Pamięci Narodowej archiwalia można…

Posted by Archiwum Instytutu Pamięci Narodowej on Monday, September 21, 2020