Груевски доби една ипол година затвор, а Јанакиески и останатите условни казни за „Насилство во Центар“

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор за „Насилството во Центар“. Условна казна затвор добија и останатите обвинети.

Јанакиески доби условна казна од 1 година затвор, ако во наредните 4 години стори друго кривично дело.

Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски, добија по девет месеци условна казна затвор која нема да се изврши ако во рок од 3 години од прависилноста не сторат ново кривично дело.

Игор Бошковски и Даниел Трифуновски се осудени на условна казна од 6 месеци која нема да се изврпи ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.

Пресудата денеска беше презентирана во Кривичниот суд, при што судијата истакна дека обвинетите се прогласени за виновни.

Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи рушење на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.