Мотоциклист тешко настрада во Велес

Велешанец кој управувал мотоцикл е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила во вторникот доцна вечерта во градското подрачје, информира министерството за внатрешни работи.

Синоќа околу 21,30 часот било пријавено дека на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Љ.С. од Велес и мотоцикл „гилера“, управуван од неговиот 32-годишен сограѓанини Д.З.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес