
Тешка сообраќајна несреќа во Синѓелиќ: Едно лице загина, друго со тешки повреди итно пренесено во болница
Едно лице загина, а друго со тешки повреди итно е пренесено во болница со возило на Итната медицинска помош.
Несреќата во која учествувале мотор и машина за сечење дрва се случила вечерва, пред 20 часот кај училиштето во Синѓелиќ, јавува ТВ21.
Загинало лицето кое ја управувало машината, а моторциклистот е со повреди. Во моментот увидни екипи вршат увид на местото на настанот.