
Снимка на која шведскиот политичар со балкански корени, Дарко Мамковиќ (52) е снимен како шмрка кокаин, ја шокираше шведската јавност.
На видеото, објавено од „Експресен“, се гледа како Мамковиќ седи на софа. Во позадина има музика, а на масата пред него има лименки енергетски пијалоци, наргиле, но и бел прав за кој се смета дека е кокаин. Мамковиќ се наведнува двапати кон прашината на масата.
Извори на „Експресен“ тврдат дека информациите дека Мамковиќ, кој во моментов е службено лице во градот Норчепинг, консумирал наркотични средства биле дискутирани од социјалдемократите на Шведска (СД). Дополнителен проблем е што Мамковиќ е истакнат партиски функционер. Покрај тоа, тој е член на регионалниот одбор во Естерјетланд и претседател на општинскиот одбор на СД Норчепинг.
-Тоа беше грешка, бев пијан на приватна забава, каде се покажа дека лицето кое ми ја даде супстанцијата бараше да добие компромитирачки материјал против мене заради изнуда, коментира Мамковиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=8MoHwoHDm2g&feature=emb_logo