
За жал нема ден да помине, а да нема коруптивен скандал во Македонија. Корупцијата е обележјето на власта на СДСМ, тоа го потврдуваат и сите релевантни светски институции преку нивните извештаи, вели претрседателот на градскиот комитет на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во интервју за порталот „Вечер“.
Во продолжение дел од интервјуто на Владимир Нелоски дадено за „Вечер“.
Според извештај на ЦЕИ (централно-европска иницијатива), како и истражувањето на Транспаренси, трите последни години кои се под власт на СДСМ се оценети како години со најголема корупција. Што преземате против тоа?
– За жал нема ден да помине, а да нема коруптивен скандал во Македонија. Корупцијата е обележјето на власта на СДСМ, тоа го потврдуваат и сите релевантни светски институции преку нивните извештаи.
Граѓаните видоа како функционира оваа власт со Луј Витон торби, со рекети, со криминали, сите поврзани со нај високото раководство на СДСМ.
Најнов е скандалот со случајот Шик Јелак во Тетово, каде се предвидува изградба на згради во центарот на Тетово, но и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот Миодраг Давидовиќ Дака, близок до Зоран Заев од 200 милиони евра.
Го споменувам Шик Јелак затоа што истото тоа се случува и низ скопските општини, но сеуште нема јавен запис како овој, а граѓаните и инвеститорите се повеќе зборуваат дека им е барано мито од разно разни општински емисари праќани од градоначалниците од СДСМ.
Граѓаните се соочуваат со корупција на секој чекор во нашето општество, каде одредени лица блиски до власта се богатат, а народот секој ден се повеќе осиромашува.
Мене најмногу ме плаши тоа што корупцијата не запира, туку се засилува, очигледно власта, која има своја заштита преку Јавното Обвинителство се чуствува комотно и понатаму со засилено темпо продолжува да се богати без страв дека ќе бидат гонети.
Ние како најголема опозициска партија, не само што ја информираме јавноста за овие скандали, туку и делуваме преку преставки до антикорупциска и ЈО но како што знаете останува на тоа, бидејќи институциите остануваат глуви на овие афери и немаат храброст да отворат постапки и истраги.
Кризата го зафати и Скопје, затворени дуќани има на секој чекор, стандардот опаѓа, граѓани остануваат без работа. Што сметате дека треба да се направи за да им се помогне на граѓаните и бизнисот?
– Прво што сакам да потенцирам е дека од самиот старт, Владата задоцни со мерките за компаниите и граѓаните. Додека сите Влади во регионот веќе размислуваа за втор пакет мерки, ние уште немавме ни прв. Тука се направи огромна дупка, од која понатаму фирмите немаа како да се вратат назад и почнаа со отпуштања на работниците, па дури тогаш се свестија и излегоа со првиот сет на мерки, кој патем беше критикуван од сите можни синдикати во државата па беше менуван неколку пати. Изгубивме драгоцено време да помогнеме на засегнатите сектори, а тука најмногу мислам на угостителството, туризмот и текстилната индустрија.
ВМРО -ДПМНЕ излезе 3 недели пред тоа, со свои готови мерки кои ги предложи на Владата но тие сите беа одбиени. Гордоста и арогантноста превладеа кај власта и видовме до кај не донесе тоа.
Задолжувањето исто така требаше да биде по брзо направено, бидејќи се знае дека сите држави се борат за тие пари од СБ, ММФ и ЕУ и колку чекаш толку поголеми камати ќе добиеш. Откако се задолжија и ги земаа кредитите и издадоа еврообврзници, место за правична помош на граѓаните и компаниите, тие ги искористија парите за поткуп на изборите.
Да не ги заборавиме и мерките кои ги предложивме за главниот град, мерки како: Ослободување на на фирмите од плаќање на фирмарина за 2019 и 2020, да биде замрзнато плаќањето за закуп на тераси зза сите локали во Скопје за летната сезона 2020, намалување на смтките за вода за 50% во месеците март,април и мај, ослободување на јавните површини за зголемување на капацитети на локалите кои се погодени од корона кризата итн.
Скопје како мотор на македонската економија, очигледно беше и најмногу погодено, гледаме дека секој ден се повеќе работници се отпуштаат, а овој тренд оди нагоре.
Сметам дека најважно е во овој момент е Владата да престане да ги троши парите на граѓаните за набавка на кондоми и лубриканти, за набавка на нови автомобили, за апетисани итн. Треба итно да се скратат сите непотребни трошоци, како на пример јавните набавки за авионски карти во Град Скопје и други институции. Владата троши и се однесува исто како да нема криза. Си течат јавните набавки, си течат трошоците за репрезентативни материјали, односно не си ги скратуваат своите удобности, но затоа очекуваат граѓаните да бидат солидарни.
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.