Трамп, Путин и Макрон повикаа на безусловни преговори

Претседателите на САД, Русија и Франција, Доналд Трам, Владимир Путин и Емануел Макрон во четвртокот ги повикаа Ерменија и Азербејџан да продолжат со разговори за судирот во регионот Нагорно Карабах.

Во заедничко соопштение претседателите повикаа на преговори без предуслов од ниедна страна., пренесува Тасс.

-Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да ги продолжат преговорите без предуслов, во добар дух и под покровителство на групата ОЕБС од Минска, наведуваат во соопштението.