
Хрватскиот министер за образование Радован Фукс треба да оди во самоизолација две недели, откако беше утврдено дека неговиот возач има коронавирус .
„Министерот за наука и образование Радован Фукс ќе биде во самоизолација следните две недели, откако синоќа беше потврдено дека возачот на Министерството е позитивен на коронавирус“, објави Министерството, пренесува порталот Индекс.
Како што се наведува, министерот е во самоизолација бидејќи претходниот ден бил во контакт со возачот и дека за време на неговото отсуство ќе го замени државниот секретар Стипе Мамиќ.