
Наместо 180, учениците во основното образование во новата учебна година ќе следат настава 159 дена.
Министерството за образование и наука донесе измени во календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2020/2021, според кој ќе има 21 наставен ден помалку.
Во претходниот редовен календар кој беше објавен во јули, бројот на наставните денови изнесуваше 180, а новата одлука следува откако учебната година започна на 1 октомври.
Наставната година ќе трае до 10 јуни, а учебната до 31 август 2021.